Австралискиот тенисер Алекс де Минор се пласираше во финалето на АТП турнирот во Пекинг откако го совлада Хуберт Хуркач во полуфиналето. Полскиот играч се повлече на средина од вториот сет поради повреда.
Де Минор го доби првиот сет со 6:4, додека во вториот имаше предност од 3:2 и водеше со 40:0 во шестиот гем од вториот сет.
Му беше потребна една брејк-топка за да направи исчекор до победата и финалето, но Хуркач беше принуден да се повлече.
Мечот траеше еден час и осум минути.
Де Минор така се пласираше во финалето во Пекинг, каде што ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ или Даниил Медведев, кои играат во моментов.


