Дејвис куп: Македонија поразена од Молдавија

Македонските тенисери го загубија првиот дуел во Кишињев во рамки на Третата Европска група од Дејвис купот откако загубија со 2-1 од домаќинот Молдавија

Прегледи:

Датум:

Македонските тенисери го загубија првиот дуел во Кишињев во рамки на Третата Европска група од Дејвис купот откако загубија со 2-1 од домаќинот Молдавија. Мечевите почнаа одлично за македонскиот тим со водство по победата со пресврт на Калин Ивановски против Иља Снитари со 2-1 во сетови (46 63 61). Тенисерот од Молдавија поведе, а во следните два сета Ивановски му препушти само четири гема.

Во вториот меч Олег Приходко го доби првиот сет во тај брејкот со 10-8 на поени што значеше и водство за македонскиот тим. И во вториот сет продолжи предноста со еден брејк, но по петтиот гем Приходко побара медицинска помош и проблемот со грчевите траеше до крајот на мечот. Вториот сет заврши со 7:5 за Раду Албот, а по 2:0 во третиот сет за ривалот Приходко го предаде мечот.

По паузата следуваше и решавачкиот меч во двојки. Ивановски и Приходко имаа водство од 1:0 и 2:1 во гемови, но потоа Раду и Снитари направија два брејка за водство од 5:2 во гемови, по што македонскиот тим го предаде мечот. Грчевите и проблемот со настинката направија проблеми за Приходко и тој немаше сили за продолжение на мечот.

Сега најважно е Приходко да се закрепне и да биде подготвен за следните мечеви, против Грузија и Косово од групата. Утрешниот противник ни е селекцијата на Косово, а во петок противник е Грузија.

Во дуелот од нашата група Грузија го совлада Косово со 3:0, а во групата А Летонија славеше против Азербејџан со 3:0, додека Црна Гора ја совлада Република Ирска со 2:1.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎬Леброн во елемент: Филаделфија го победи шампионот по втор пат оваа сезона

Леброн Џејмс има 41 година, ја игра својата 24-та...

🎥Кари го надигра Дончиќ во историски пресврт, Лејкерси ја намалија предноста од 25 поени

Голден Стејт Вориорс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со...

Барселона затвора трибина по напад врз Камавинга во „Ел Класико“

Барселона одлучи да ги суспендира организираните навивачки групи од...

Официјално: Кејн го победи Мбапе со само 28 поени

Списанието „Франс фудбал“ ги објави официјалните резултати од гласањето...