Ѓорческа поразена на стартот од ВТА 125 турнирот во Рим

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го загуби мечот од првото коло на ВТА 125 турнирот во Рим. Поуспешна од неа беше домашната тенисерка Дебора Киеза (Италија, 354.место ВТА листа) со 2-1 во сетови (67(1); 63 и 63) во меч што траеше 162 минути.

Прегледи:

Датум:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го загуби мечот од првото коло на ВТА 125 турнирот во Рим. Поуспешна од неа беше домашната тенисерка Дебора Киеза (Италија, 354.место ВТА листа) со 2-1 во сетови (6-7(1); 6-3 и 6-3) во меч што траеше 162 минути.

Мечот беше изедначен, а двете тенисерки кои добро се познаваат бидејќи беше шести нивни меч во последните четири години. Во првиот сет имаше по два брејка, а сетот беше решен во „13. та игра“ и по 1:0 на поени за Киеза, Ѓорческа освои седум поени и го освои сетот. Во вториот сет од девет одиграни гема, имаше дури седум брејка, а Киеза ги доби првиот и деветтиот гем на свој сервис и сетот го заврши со 6:3 во гемови. Во решавачкиот сет Ѓорческа повторно имаше проблем со сервисот, а ривалката направи три брејка.

Ѓорческа во мечот имаше 6 брејка од 14 можности, а Киеза 8 од 21.

Со денешната победа Киеза поведе во меѓусебните мечеви со 4:2 во победи.

Македонската тенисерка следната недела ја очекува настап на ВТА 125 турнирот во Палермо.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...