Ивановски избори полуфинале на Macedonian open 2026

Калин Ивановски по голема борба и два добиени сета во тај брејк успеа да избори полуфинале на Macedonian Open 2026 откако го совлада шестиот носител Александре Вајс од Италија со 2-0 во сетови (7-6(5) и 7-6(3)

Прегледи:

Датум:

Калин Ивановски по голема борба и два добиени сета во тај брејк успеа да избори полуфинале на Macedonian Open 2026 откако го совлада шестиот носител Александре Вајс од Италија со 2-0 во сетови (7-6(5) и 7-6(3). Триумфот македонскиот тенисер го оствари откако во вториот сет успеа да ја надополни негативата од 1:4 во гемови. Мечот траеше 2 часа и 40 минути

Во првиот сет Ивановски стартуваше со предност од 2:0 во гемови откако направи брејк, но Вајс се врати брзо резултатски и изедначи на 2:2. До крајот на сетот секој од тенисерите успеваше да го земе гемот на свој сервис, па така сетот се решаваше во тај брекот. Во првиот девет поени немаше мини-брејк, а десеттиот поен Ивановски го доби на сервис на Вајс и со тоа направи предност, а тај брејкот заврши 7:5 на поени.

И вториот сет стартуваше со брејк на на Ивановски од 1:0 во гемови. Но, следуваше период кога Вајс направи мини серија и поведе со 4:1 во гемови. Но, Ивановски успеа да ги надмине тешките моменти со брејк во седмиот гем и намали на 4:3 и успеа сетот да го врати во рамнотежа, откако изедначи на 4:4. По 6:6 во гемови повторно сетот се решаваше во „13.та игра“ и тука Ивановски почна одлично по 1:1 во поени со два мини-брејка, следуваше серија од пет поени за Ивановски и 6:1. Откако Вајс ги зема двата поена на свој сервис и намали на 6:3, Ивановски првата меч топка ја искористи за да го добие мечот.

Противник во полуфиналето утре ќе му биде Јанаки Милев од Бугарија, кој со 2:0 во сетови (64 62) го совлада третиот носител Себастијан Соргер од Австрија.

Во втрото полуфинале ќе играат Владислав Орлов од Украина и Стефан Поповиќ од Србија. Орлов во денешното четвртфинале беше подобар од Петар Јовановиќ од Црна Гора со 2-0 во сетови (60 62), додека Поповиќ го совлада Николас Бруна од Чиле со 2-0 (6-4 7-6(2)).

Во попладневните часови на програмата се мечевите во конкуренција на двојки, а по нивното завршување ќе биде позната и сатницата за полуфиналните мечеви.

Инаку македонската комбинација Обрад Марковски – Горазд Србљак оствари победа во првото коло од турнирот во двојки. Тие со 2-0 во сетови (6-4 6-1) ги победија Иван Ангелов (Украина) и Андре Мајнерц (Данска), а следни противници попладнево ќе им бидат Амар Хусеиновиќ (Македонија) и Роман Постолка (Чешка).

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мартинез за преминувањето во Реал: Чисто професионална одлука, немав намера да вознемирам никого

Во последно време сме навикнати на голем број трансфери...

Барселона испрати понуда за Исак Бонга!

Голем интерес меѓу гигантите од Евролигата постои за кошаркарот...

Симеоне проговори за иднината на Хулијан Алварез

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, за прв пат...

Ново засилување за Компани – пристигнa дефанзивец за 55 милиони евра

Германскиот фудбалер Натаниел Браун се пресели од Ајнтрахт Франкфурт...