Алекс Маркез беше, сосема очекувано и логично, казнет од стјуардите на МотоГП откако предизвика масовна несреќа во првиот круг од спринтот во Јапонија.
Возачот на Гресини Дукати направи грешка при своето запирање во кривината 3 во Мотеги и ги елиминираше Педро Акоста и Фабио Ди Џанантонио, кои се движеа пред него.
Сите тројца се откажаа од трката во тој момент, а стјуардите објавија дека ќе го истражат инцидентот по завршувањето.
Here's what happened between @alexmarquez73, @fabiodiggia49 and @37_pedroacosta 🔍#JapaneseGP 🇯🇵 pic.twitter.com/v4LLJSxNxp
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 3, 2026
Се очекуваше истрагата да биде краткотрајна и Маркез доби казна, кој ќе мора да извози два круга од утрешната долга трка во Земјата на изгрејсонцето.
Шпанецот ќе мора да ја отслужи казната во раните фази од трката, кога редот е сè уште преполн, а тоа најверојатно ќе го чини многу позиции.


