Марко Бецеки го започна последниот тркачки викенд од сезоната во МотоГП, водејќи на табелата на крајот од првата слободна тренинг сесија пред Големата награда на Валенсија.
Првите 45 минути подготовка за „Рикардо Тормо“ беа засенети од бомбастичната вест што Марк Маркез ја објави кратко пред нејзиниот почеток. Осумкратниот шампион објави дека претстојната трка во недела ќе биде последната во неговата славна кариера во светскиот шампионат на патеката.
Marco Bezzecchi leads the way after a shocking FP1 after @marcmarquez93’s retirement news 👀
#ValenciaGP 🏁
https://t.co/iGO53GfBZg— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 27, 2026
Инаку, Бецеки беше најбрз во сесијата со време од 1:30.681, со кое го престигна Маркез за само 0,010 секунди, додека топ 3, со дефицит од 0,112, ги формираше Раул Фернандез на Trackhouse Aprilia. Тимските колеги од Гресини Дукати, Фермин Алдегер и Алекс Маркез, завршија четврти и петти, 0,120 и 0,139 зад Бецеки, соодветно.
Викендот на Големата награда на Валенсија, последната трка од сезоната на МотоГП во 2026 година, ќе продолжи во 15:00 часот по наше време со 60-минутниот официјален тренинг.
Како што е традиција, на него ќе бидат одредени десетте возачи кои ќе се квалификуваат директно за втората фаза од утрешните квалификации на патеката „Рикардо Тормо“.


