Еклстоун: Светски шампион ќе биде Антонели или Верстапен

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, предвиде дека битката за светската титула оваа сезона ќе биде решена помеѓу Андреа Кими Антонели и Макс Верстапен

Прегледи:

Датум:

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун, предвиде дека битката за светската титула оваа сезона ќе биде решена помеѓу Андреа Кими Антонели и Макс Верстапен. Интересно е што 95-годишниот Британец ги отпиша шансите на тимскиот колегата во Мерцедес, Џорџ Расел.

Антонели забележа три последователни победи во првите четири трки од оваа сезона, а Расел триумфираше во Австралија, но по Мајами, 19-годишниот Италијанец има 20 поени предност пред Џорџ.

„Светски шампион ќе биде Антонели или Верстапен“, објасни Берни за швајцарскиот весник Блик. „Јасно е дека Ред Бул го надмина падот во перформансите. Макс се врати во својата најдобра форма, а кога ќе го стори тоа, тој е опасен.“

Четирикратниот светски шампион е седми на табелата со 26 поени, а поради тешкиот почеток на сезоната на Ред Бул, Макс сè уште не ги стигнал водечките и е 74 поени зад водечкиот Антонели. Ред Бул искористи сериозен пакет подобрувања на својот болид во Мајами и тоа се исплатеше, но на Макс и на тимот ќе им требаат многу подобри перформанси од сега па натаму ако Верстапен повторно сака да се бори за титулата.

Но, историјата на Формула 1 покажува дека Макс никогаш не треба да се отпишува од трката за титулата – по Зандворт минатата година тој беше 104 поени зад лидерот – тогаш тоа беше Оскар Пјастри, а на крајот од сезоната Макс остана 2 поени зад новиот светски шампион Ландо Норис, откако ги освои последните три трки од кампањата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Брегалница го отпушти Кузманов

Фудбалскиот клуб Брегалница соопшти дека со одлука на Управата...

Халанд продолжува да ги поместува границите во Премиер лигата

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, продолжува да ги...

📽️ Гасли: Не бев мотивиран од тоа што ми го одзедоа подиумот во Монако

Возачот на Алпин, Пјер Гасли, вели дека одлуката на...

Монфис ја менува кариерата

Францускиот тенисер Гаел Монфис објави дека по завршувањето на...