Фернандо Алонсо е уморен од зборување за проблемите на Астон Мартин

Фернандо Алонсо ќе ја започне денешната трка за Големата награда на Барселона од последната позиција на стартната решетка, откако Шпанецот беше најбавен на вчерашните квалификации во „Каталуња“.

Прегледи:

Датум:

Фернандо Алонсо ќе ја започне денешната трка за Големата награда на Барселона од последната позиција на стартната решетка, откако Шпанецот беше најбавен на вчерашните квалификации во „Каталуња“.

За него, ова е прв пат да биде најбавен во чисто темпо во квалификации во Формула 1 од Големата награда на Малезија во 2001 година, кога Алонсо беше возач на Минарди. А по квалификациите, двократниот шампион им изјави на медиумите дека е уморен од коментирање на проблемите на Астон Мартин, кои нема да бидат решени наскоро.

„Не, не, не, ништо не беше откриено. Знаевме дека имаме најслаб болид и најслаб мотор, бевме многу јасни во секоја трка досега дека имаме работа.

Во некои кривини, кога менував брзини, се чувствував како некој да ја влече рачната сопирачка – обете задни гуми се блокираа. Во други кривини, се чувствував како гасот да ми е полуотворен додека ги стискам сопирачките и само одев напред. Значи, секој круг е лотарија во моментов“, рече Алонсо, кој исто така коментираше за стратегијата на Астон Мартин за развој на AMR26 во текот на сезоната.

Британскиот тим одлучи да ги фокусира своите напори на голем пакет подобрувања што ќе бидат воведени за Големата награда на Белгија за нешто повеќе од еден месец. Ова треба да се совпадне со првите промени во погонскиот склоп на Хонда, исто така закажани за викендот во Спа.

„Ја избравме оваа стратегија и ја повторуваме секој викенд. За две недели во Австрија повторно ќе бидеме последни во квалификациите и ќе ме прашате дали ова открива некои од слабостите на нашиот автомобил. Секој викенд го повторуваме истото, исцрпувачки е. Последни сме, го знаеме тоа и немаме проблем да го признаеме.

Ја чкаме втората половина од сезоната. Се надевам дека кога ќе пристигне новиот автомобил ќе се подобриме малку. Почна да станува многу повторувачко. Имаме слаб мотор, најслаб. Имаше лоша употреба на енергија, имаме проблеми со менувачот и аеродинамиката. Работиме на сето ова и се надевам дека во втората половина од сезоната ќе им дадеме на луѓето причина да бидат среќни“, додаде двократниот светски шампион.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Ѕвездата на ПСЖ ги прекина преговорите: Во позадина се подготвува сензационално враќање во Мадрид?

Пари Сен Жермен сака да обезбеди долгорочен престој на...

🎬Артета конечно го освои „Енфилд“ како тренер, заврши постот на Арсенал долг 14 години

Четиринаесет години Арсенал чекаше на победа на „Енфилд“, а...

Реал блеска без Винисиус, Диоманде со нов гол

Реал Мадрид ја запиша петтата последователна победа откако денеска...

Антонели пред трката во Мексико: Малку сум понервозен од вообичаено

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, има шанса да...