Мартин: Раката може да почека, трката за титулата не

По Големата награда на Австрија, каде што го освои првото место во спринтот и второто место во главната трка, aктуелниот лидер во генералниот пласман на МотоГП, Хорхе Мартин вели дека повеќе не му е потребна операција

Прегледи:

Датум:

По Големата награда на Австрија, каде што го освои првото место во спринтот и второто место во главната трка, aктуелниот лидер во генералниот пласман на МотоГП, Хорхе Мартин вели дека повеќе не му е потребна операција.

„Не сум 100% подготвен, но се чувствувам многу подобро отколку во Мизано. Работите одат во вистинската насока. Нема да правам операција во понеделник и ќе продолжам вака. Сега ќе се одморам, ќе се опоравам бидејќи овие две трки беа навистина тешки“, изјави Мартин по трката во Шпилберг.

Хорхе изјави дека оди на азиската турнеја во добра форма и дека операција пред трките на Истокот всушност би била ризик.

Мартин, заедно со Педро Акоста, сигурно беше најголемиот победник на „Ред Бул Ринг“ бидејќи го презеде водството во генералниот пласман. Преземањето ризици и борбата со Педро Акоста, кој навистина беше најбрз цел викенд, според него, „немаше да вреди“.

„Мислам дека Педро се бореше за нешто повеќе од победа. Значи, второто место е максимум за мене. Малку сум уморен бидејќи беше долга трка. Успеав да го задржам Бецеки зад мене, што беше важно. Одлични поени и тешко е да се очекува да го победиме Маркез на оваа патека, а ние успеавме да го направиме тоа. Се чини дека ова е вистинската насока“, рече Мартин.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Невил кон Карик: Престани да ги браниш тие манекени што шетаат по теренот

Аналитичарот на „Скај Спорт“ и поранешен играч на Манчесѕер...

📷 По разделбата, Дончиќ им посвети објава на ќерките: „Секогаш сте со мене“

Лука Дончиќ (27) објави порака посветена на своите ќерки...

🎥Сабаленка на „Сан Сиро“ со накит од 100.000 евра

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка беше видена на трибините на...

📸Во Мадрид бесни: Валверде претрпе сериозна повреда по дуелот со Атлетико Мадрид

Реал Мадрид објави официјално соопштение за состојбата на играчот...