📸Во Мадрид бесни: Валверде претрпе сериозна повреда по дуелот со Атлетико Мадрид

Реал Мадрид објави официјално соопштение за состојбата на играчот од средниот ред Федерико Валверде

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид објави официјално соопштение за состојбата на играчот од средниот ред Федерико Валверде. Уругваецот беше многу грубо фаулиран од Канг-Ин Ли за време на вчерашното мадридско дерби со Атлетико, кое „Лос Бланкос“ го загубија со 1-2.

Фактот дека Кореецот не беше исклучен беше една од најсериозните поплаки на Реал Мадрид до судијата Мигел Ортиз во жестокиот натпревар.

„По прегледите извршени денес на нашиот играч Феде Валверде од страна на медицинскиот тим на Реал Мадрид, му беше дијагностицирана „сериозна повреда на левиот глужд“, здобиена за време на натпреварот денес попладне (вчера). Валверде ќе биде подложен на дополнителни прегледи во наредните часови“, напишаа „Кралевите“.

Според извештаите, глуждот на Валверде бил сериозно отечен, а самиот Уругваец доживувал сериозна болка. Наскоро ќе биде подложен на дополнителни тестови за да се види точно колку долго играчот ќе отсуствува од теренот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик за лошите резултати на Јунајтед: „Ова не е спринт, долга е сезоната“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека нема...

📽️Олимпија го освои италијанскиот Суперкуп благодарение на „македонецот“ Рајт

Армани Олимпија Милано го освои трофејот во Суперкупот на...

„Татиниот син“ клучен во дербито на Мадрид

Џулијано Симеоне не постигна ниту еден од двата гола...

Паркер: Асвел ја плати цената поради Монако

Тренерот на АСВЕЛ, Тони Паркер неодамна даде интервју за...