Расел ја освои пол-позицијата во Баку, Антонели удри во ѕид

Џорџ Расел ја освои пол-позицијата за Големата награда на Азербејџан по квалификациите во Баку, додека лидерот во Формула 1, Кими Антонели, имаше несреќа и остана без борба за првото место

Прегледи:

Датум:

Џорџ Расел ја освои пол-позицијата за Големата награда на Азербејџан по квалификациите во Баку, додека лидерот во Формула 1, Кими Антонели, имаше несреќа и остана без борба за првото место.

Расел го искористи повлекувањето на својот тимски колега и потврди зошто Мерцедес е голем фаворит на патеката во Баку. Тој беше речиси една секунда побрз од конкуренцијата, а Шарл Леклер од Ферари беше најблиску – 0,837 секунди зад него.

Оскар Пјастри ќе стартува трет со Мекларен, а Исак Хаџар четврти со Ред Бул,и тоа се пилотите кои останаа под една секунда заостанување од Расел. Актуелниот шампион, Ландо Норис (Мекларен) ги комплетираше топ 5 на стартната линија.

Тоа беше првата пол-позиција на британскиот возач по Големата награда на Австрија во јуни, што беше и негова последна победа. Долгата права во Баку одговара на концептот на моторот и автомобилот на Мерцедес, што јасно се виде во квалификациите.

Антонели ќе ја започне трката во сабота од 16-то место, откако удри во ѕидот во првиот дел од квалификациите и ги оштети тркалото и суспензијата.

Неговиот претходен круг беше доволен за да помине во вториот дел од квалификациите, но поради оштетување не можеше да продолжи со настапот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Лејкерси ја забележаа деветтата победа по ред, Пистонс ја прекинаа серијата на Спарси

Лука Дончиќ ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа...

Барцокас за Везенков: Го имаме најдобриот кошаркар во Европа

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, не штедеше пофалби за...

Покетино сè уште не пристигнал во Манчестер Јунајтед, но веќе наметнал правила

Дури и пред да слета во Карингтон и официјално...