Александар Волкановски го победи Мовсар Евлоев со технички нокаут во втората рунда од главниот настан на UFC 333 настанот во Абу Даби.
Австралиецот го зазеде центарот на кафезот и почна да го финтира противникот и да напаѓа со директни удари. По првата минута и пол, Волкановски почна да ја намалува дистанцата и да напаѓа. Евлоев добро ги толерираше ударите. Се обиде со „takedown“, но беше блокиран двапати. Во третиот обид, Русинот ја однесе борбата на земја, но само накратко.
38 YEAR OLD ALEX VOLKANOVSKI GETS THE FINISH
AND STILLLLLLL
#UFC333 https://t.co/SljiN7zmk6
— mikesmilkovich (@mikesmilkovich) October 24, 2026
Триесет и осум-годишниот борец од Мелбурн го отвори вториот дел подобро со моќен десен удар директно кон брадата на Евлоев. Борецот од Ингушетија се најде зад Волкановски, но за време на обидот за „takedown“ остана на земја на грб.
По краток период на контрола на земјата за Волкановски, борците станаа и Австралијанецот нанесе два последователни силни десни удари во главата на 32-годишниот Русин.
Во последната минута, Волкановски повторно го повреди противникот со удари, а потоа го собори на земја. Следеше лавина од удари и судијата ја заврши борбата пет секунди пред гонгот.


