Роналдињо се враќа во фудбалот по 11 години – цените на билетите вртоглаво се зголемија

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо повторно ќе ги облече копачките и ќе игра на официјален натпревар по 11-годишна пауза.

Прегледи:

Датум:

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо повторно ќе ги облече копачките и ќе игра на официјален натпревар по 11-годишна пауза.

Поранешниот ас на Барселона и Милан, кој има 46 години, треба да игра за италијанскиот тим Равена во недела, 15 ноември, против Форли во 14-то коло од Серија Ц, третата лига на италијанскиот фудбал.

Неговото враќање предизвика огромен интерес, но и незадоволство кај некои навивачи поради драстичното зголемување на цените на билетите.

Имено, некои билети се зголемија во цена и за четири пати. Билет за страничната покриена трибина, кој вообичаено чини 30 евра, сега се продава за 120 евра, додека цената за долната трибина се зголеми од 21 на 60 евра.

За таа пригода беше поставена и специјална префабрикувана трибина наречена „R10“, при што билетите првично чинеа 75 евра, а потоа 90 евра. Најскапите пакети, кои вклучуваат дополнителни ВИП услуги, достигнуваат цена од 150 евра.

Дополнително незадоволство предизвика одлуката на клубот дека сезонските билети не важат за овој натпревар, па дури и најлојалните навивачи ќе мора да купат специјални билети.

И покрај високите цени, интересот не се намалува, а според италијанските медиуми, за новата трибина останале помалку од 300 билети.

Роналдињо беше ангажиран како промотивно лице на Равена во текот на летото, а дел од договорот со претседателот на клубот, Игнацио Чипријани, вклучуваше Бразилецот да одигра барем еден официјален натпревар.

Неговото пристигнување во Италија се очекува денеска, кога треба да одработи индивидуален тренинг, додека заеднички тренинг со тимот е закажан за сабота.

Сè уште не е познато колку време ќе помине на теренот, а конечната одлука ќе ја донесе тренерот Андреа Мандорлини.

Равена моментално е на второто место на табелата во Серија Ц и се бори за промоција во повисокото ниво на натпреварувањето.

Роналдињо го одигра својот последен официјален натпревар во 2015 година за Флуминенсе, додека во текот на својата богата кариера ја освои „Златната топка“ во 2005 година, Лигата на шампионите со Барселона и титулата на Светското првенство со Бразил во 2002 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Покетино се збогува со репрезентацијата: Претставувањето на САД беше огромна чест

Маурисио Покетино ќе се повлече од функцијата селектор на...

Овоно бара разговор со семејството на починатиот Хесус де Мигел, Пике го посетува

Голманот на Андора, Хесус Овоно, побарал од клубот да...

Јабуселе: ПАО би победил доста НБА тимови

Гершон Јабуселе ова лето се врати во Евролигата и...

Мераб Двалишвили ослободен од затвор, Нурмагомедов и тимот остануваат зад решетки

Светската ММА заедница сè уште дебатира за скандалозниот напад...