Иако италијанската репрезентација не се квалификуваше за Светското првенство, најпознатата фудбалска судијка во светот, Клаудија Романи, се погрижи „азурите“ сепак да имаат свој претставник на најголемиот спортски настан.
Популарната Италијанка отпатува во Мајами за да ја почувствува треската на Светското првенство, а нејзините објави на социјалните мрежи веќе ја кренаа температурата до точка на вриење. Клаудија, која ужива доверба од 1,2 милиони следбеници на Инстаграм, сподели серија фотографии со топка на плажа и од ноќно излегување, нагласувајќи дека и покрај отсуството на нејзината татковина – атмосферата е магична.

– Бев во Германија кога Италија стана светски шампион… Овој пат ја нема Италија, но чувството е сепак неверојатно. Ова е толку уникатна атмосфера! Уживам со пријатели, запознав многу навивачи од Саудиска Арабија и љубовта кон најдобриот спорт во светот е видлива насекаде. „Секогаш ќе бидам „football girl“ во моето срце“, рече Романи.

Клаудија Романи (44) со години е лицето на италијанскиот фудбал, но не само на аут линијата. Еднаш ги положи сите испити за да стане професионален судија со лиценци за Серија А и Серија Б. Сепак, нејзината кариера во црно-белиот дрес заврши нагло откако се најде на удар поради „недостаток на професионализам“. Имено, таа јавно позираше во дресот на својот сакан Милан, што челниците на лигата не го толерираа, сметајќи го за директна закана за објективноста.

Откако го „закачи свирчето“, Клаудија се пресели во Соединетите Држави и изгради империја на социјалните мрежи, каде што сега е една од највлијателните спортски инфлуенсерки. Иако повеќе не дели правда на теренот, нејзините обожаватели се согласуваат за едно – Клаудија е сè уште „најстрогиот“ судија кога станува збор за машко внимание.
View this post on Instagram


