Сопругата на Левандовски за преселбата во САД: „Преплашена сум и потисната…“

Сопругата на Роберт Левандовски, Ана, призна дека претстојниот трансфер од Барселона во САД ја плаши. Пред неколку дена, полскиот репрезентативец потпиша со Чикаго Фаер.

Прегледи:

Датум:

Сопругата на Роберт Левандовски, Ана, призна дека претстојниот трансфер од Барселона во САД ја плаши. Пред неколку дена, полскиот репрезентативец потпиша со Чикаго Фаер.

„Долго размислував што да напишам овде. Можев да објавам насмеана фотографија и да напишам: „Време е за нов почеток“, преправајќи се дека сè е совршено. Но, не е. Сакам да бидам целосно искрена со вас“, сподели таа на својот Инстаграм профил.

„Доаѓаат големи промени, преселбата во Чикаго. И иако треба да пишувам за моето возбудување, сакам да кажам едно: Преплашена сум. Последните неколку недели беа вистински емотивен ролеркостер за мене. Барселона стана мој дом. Моето засолниште, кое го сакав со сето срце. Помислата дека повторно ќе морам да спакувам, да го напуштам она што сум го изградила и да почнам одново е едноставно застрашувачка“, продолжува Левандовски.

„Како мајка, чувствувам многу стрес. Се грижам за моите ќерки и нивните чувства, за новото училиште, за тоа како ќе се прилагодат на еден сосема нов свет. Секој што доживеал толку сериозен премин со деца знае каков психолошки тест е ова за родителите.

Животот со спортист не е само луксуз, туку и тешкотии поврзани со семејните обврски. Кариерата на Роберт не исправа пред нови предизвици. Стојам зад него и го поддржувам со сета моја сила, бидејќи сме еден тим. Но, како жена, имам право да се чувствувам исплашена. Имам право да се чувствувам потисната и денес нема да се преправам дека не е така.

Го пишувам ова затоа што знам дека многумина од вас се соочуваат и со застрашувачки промени во животот. Сакам да знаете дека ова е нормално. Дека не мора секогаш да бидеме силни и „среќни“, напиша Ана Левандовска на социјалните мрежи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мексиканците ја плашат Англија со импресивна статистика

Мексико - Англија ќе биде еден од највозбудливите натпревари...

Рангник пред Шпанија: Немаме што да изгубиме

Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, го коментираше претстојниот осминафинален...

Атлетико се договори со капитенот на Спортинг Лисабон

Атлетико Мадрид постигна договор со играчот од средниот ред...

🎥Лукаку: Ваквите победи го обединуваат тимот уште повеќе

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку ги сподели своите впечатоци по...