Австрија без Пелтл, но со Вујошевиќ против Македонија

Австрија ќе биде засилена со неколку важни кошаркари за дуелот со Македонија на 30 август во Виена. Селекторот Арамис Наглиќ го објави списокот од 13 играчи, предводен од најдобриот стрелец во квалификациите за СП 2027, Богиќ Вујошевиќ, кој просечно постигнуваше 19,8 поени

Прегледи:

Датум:

Австрија ќе биде засилена со неколку важни кошаркари за дуелот со Македонија на 30 август во Виена. Селекторот Арамис Наглиќ го објави списокот од 13 играчи, предводен од најдобриот стрелец во квалификациите за СП 2027, Богиќ Вујошевиќ, кој просечно постигнуваше 19,8 поени.

Во составот се враќа и Рашан Мбемба, кој по речиси четири години повторно ќе биде дел од националниот тим. На списокот се и Ерол Ершек, Даниел Фридрих, Јакоб Лор, Даниел Кепел, Старлин Иноа Гил, Елвир Јакуповиќ, Флоријан Кепел, Нордин Капиќ, Нико Железник, Тимо Ланмилер и Нордин Кабер.

Австрија нема да може да смета на НБА-играчот Јакоб Пелтл, кој не доби дозвола од Торонто Репторс за настап. Поради повреди ќе отсуствуваат Лука Брајковиќ и Силвен Ландесберг, додека Себастијан Кеферле е отсутен од лични причини.

Дуелот Австрија – Македонија е закажан за 30 август од 16:05 часот во „Спорт Арена Виена“, во рамките на втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2029.

Ростер на Австрија: Ерол Ершек, Даниел Фридрих, Јакоб Лор, Даниел Кепел, Старлин Иноа Гил, Елвир Јакуповиќ, Флоријан Кепел, Нордин Капиќ, Нико Железник, Тимо Ланмилер, Богиќ Вујошевиќ, Рашан Мбемба и Нордин Кабер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Репрезентација без гол, без идеја и без одговори: Седлоски, до кога ќе трае оваа агонија?

Седум натпревари без гол. Седум порази на повидок. И...

Нов пораз за Македонија во Лигата на нациите, седми натпревар по ред без постигнат гол

Шкотска победи со 2:0 против Македонија како гостин во...

Билиќ по дебаклот: Жал ми е за навивачите и децата што беа на натпреварот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Славен Билиќ, по...

Вардар убедлив против Охрид во дербито на колото

Вардар ги најави своите шампионски амбиции со убедлива победа...