🎥Сабаленка на „Сан Сиро“ со накит од 100.000 евра

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка беше видена на трибините на „Сан Сиро“ за време на натпреварот од шампионатот во кој Милан го победи Лече со резултат од 3:0

Прегледи:

Датум:

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка беше видена на трибините на „Сан Сиро“ за време на натпреварот од шампионатот во кој Милан го победи Лече со резултат од 3:0.

Откако претрпе пораз во финалето на Отвореното првенство на САД од Елена Рибакина, која со таа победа ја презеде и водечката позиција на ВТА листата, втората тенисерка во светот брзо најде начин да се опушти во Италија.

Дваесет и осум-годишната тенисерка беше пречекана на Гери Кардинале, основач на RedBird Capital Partners и прв човек на миланскиот клуб.

Нејзиниот екстремно скап накит од луксузниот американски бренд Material Good, чиј официјален амбасадор е, исто така привлече големо внимание од присутните.

Златна огрлица со впечатлив привезок особено се издвојуваше, а се проценува дека вкупната вредност на нејзините модни додатоци честопати надминува износ од 100.000 евра.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Невил кон Карик: Престани да ги браниш тие манекени што шетаат по теренот

Аналитичарот на „Скај Спорт“ и поранешен играч на Манчесѕер...

📷 По разделбата, Дончиќ им посвети објава на ќерките: „Секогаш сте со мене“

Лука Дончиќ (27) објави порака посветена на своите ќерки...

Мартин: Раката може да почека, трката за титулата не

По Големата награда на Австрија, каде што го освои...

📸Во Мадрид бесни: Валверде претрпе сериозна повреда по дуелот со Атлетико Мадрид

Реал Мадрид објави официјално соопштение за состојбата на играчот...