Нагелсман одлучил да се повлече од функцијата селектор на Германија

Јулијан Нагелсман одлучил да поднесе оставка од функцијата главен тренер на германската репрезентација по разочарувачката елиминација на Бундестимот во шеснаесетфиналето на Светското првенство во 2026 година, објави „Билд“

Прегледи:

Датум:

Јулијан Нагелсман одлучил да поднесе оставка од функцијата главен тренер на германската репрезентација по разочарувачката елиминација на Бундестимот во шеснаесетфиналето на Светското првенство во 2026 година, објави „Билд“.

Триесет и осум годишниот стручњак одлучи да си замине по вчерашниот кризен состанок во Франкфурт со раководството на Германската фудбалска федерација, кој траеше три и пол часа, на кој му било советувано доброволно да поднесе оставка.

Официјална изјава се очекува во наредните часови.

Наследник на Јулијан Нагелсман сè уште не е одреден, но фаворит за позицијата е поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, Јирген Клоп, кој моментално работи како глобален фудбалски директор во компанијата „Ред Бул“, коментираат голем број германски медиуми.

Нагелсман ги презеде „панцирите“ во септември 2023 година, кога го замени Ханси Флик. Тој имаше договор за уште две години до Евро 2028.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МТЕЛ Суперлига: Работнички триумфираше во Струмица, Пелистер подобар од ТФТ

Работнички ја оправда фаворитската улога и со победа од...

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...