📷🎬 Дончиќ: За мене, Ѓоковиќ е најголемиот на сите времиња

Новак Ѓоковиќ се подготвува за Индијан Велс, а го искористи слободното време за да погледне натпревар на Лос Анџелес Лејкерс

Прегледи:

Датум:

Новак Ѓоковиќ се подготвува за Индијан Велс, а го искористи слободното време за да погледне натпревар на Лос Анџелес Лејкерс.

Српскиот тенисер предизвика вистинска возбуда со своето појавувње, и во публиката и на теренот, а Лука Дончиќ и Леброн Џејмс не ја пропуштија можноста да се фотографираат со него.

Словенецот беше прашан за присуството на Новак и во кратка изјава зборуваше со пофални зборови за Ѓоковиќ.

„За мене, Новак е GOAT (најголемиот на сите времиња). И неверојатно е што доаѓа да ме гледа. Разговарав со него, ќе се видиме подоцна…“, истакна кошаркарот на „езерџиите“

Ѓоковиќ очигледно им донесе среќа на Лејкерс, кои синоќа го победија Сакраменто со 128:104.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо ја омаловажи победата на Бетис. Пелегрини му одговари

Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, одговори на коментарите на...

Расел: Ферари сè уште е фаворит за Монца

Џорџ Расел го повтори својот став дека Ферари остануваат...

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...