🎥 Колумбија покажа класа и го победи дебитантот Узбекистан

Колумбија го започна своето учество на Светското првенство со очекувана победа. Екипата на Нестор Лоренцо победи со 3:1 над дебитантот Узбекистан, иако трите бода не дојдоа лесно

Прегледи:

Датум:

Колумбија го започна своето учество на Светското првенство со очекувана победа. Екипата на Нестор Лоренцо победи со 3:1 над дебитантот Узбекистан, иако трите бода не дојдоа лесно.

Даниел Муњоз отвори за Колумбијците во 41-та минута, но во 60-тата минута, Абосбек Фајзулаев го постигна првиот гол за Узбекистан на завршниците на Светските првенства. Малку подоцна, Луис Дијаз го врати водството за „лос кафетерос“, а сè заврши во продолжението со гол на резервистот Хаминтон Кампос.

Во второто коло од групната фаза, Колумбија ќе се соочи со ДР Конго, а Узбекистан ќе има тешка задача да се спротивстави на Португалија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Леклер конечно прокоментира за проблемите со Хамилтон

Нетрпеливо очекуваната средба помеѓу Фредерик Васер и неговите двајца...

Мартин: Се надевам дека мојата приказна ќе ги инспирира луѓето ширум светот

Хорхе Мартин имаше вистински херојски настап за време на...

📽️ Бањаја во болница по несреќата, ја пропушта главната трка во Катар

Франческо Бањаја ќе го пропушти утрешната ГН на Катар...

🎬Маркез најбрз во спринтот на „Лусаил“, титулата е се поблиску

Марк Маркез е на чекор од освојување на десеттата...