Ван Дајк: Вежбавме толку многу пенали, а сепак бевме елиминирани на овој начин

Капитенот Вирџил ван Дајк призна дека тој и неговите соиграчи од холандската репрезентација вежбале пенали, но тоа очигледно не помогна „лалињата“ да се пласираат во осминафиналето на Светското првенство 2026 година

Прегледи:

Датум:

Капитенот Вирџил ван Дајк призна дека тој и неговите соиграчи од холандската репрезентација вежбале пенали, но тоа очигледно не помогна „лалињата“ да се пласираат во осминафиналето на Светското првенство 2026 година.

„Портокаловите“ загубија со 2-3 по изведувањето на ударите од 11 метри против Мароко, а пред тоа двата тима ремизираа 1-1 во регуларното време и продолженијата.

„Вежбавме толку многу пенали, но сепак загубивме. Сега сакам што побрзо да се вратам во соблекувалната за да бидам со момците. Тоа е мојата единствена мисла. Сега е најлошиот момент за секој играч. Доста е тешко да се анализира во моментов. Беше многу напнат натпревар, но за жал бевме елиминирани. Некое време сè одеше добро. Секако, можевме да играме уште посилно, но нема смисла повеќе да се задржуваме на тоа“, изјави Ван Дајк за медиумите по драматичната елиминација на Холандија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Витсел не се откажува – Франција е новата дестинација

Искусниот Белгиец Аксел Витсел (37) има нов клуб. Вториот...

📸Депај и Коринтијанс се помирија по скандалот

Коринтијанс го продолжија договорот на својот напаѓач Мемфис Депај...

Њукасл го гледа Нико Гонзалез како замена за Гимараеш

Њукасл е во преговори за потпишување на играчот од...

🎥Првите зборови на Флик по пристигнувањето на Родри

Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на...