📸🎬 Конате потпиша четиригодишен договор со Реал Мадрид

Поранешниот играч на Ливерпул, Ибрахима Конате, од денес официјално е нов играч на Реал Мадрид, потврди шпанскиот клуб

Прегледи:

Датум:

Поранешниот играч на Ливерпул, Ибрахима Конате, од денес официјално е нов играч на Реал Мадрид, потврди шпанскиот клуб.

Конате, кој беше слободен агент откако му истече договорот со Ливерпул, потпиша четиригодишен договор со Реал.

Французинот има одиграно 183 натпревари за Ливерпул откако се приклучи од Лајпциг во 2021 година, помагајќи им на „Црвените“ да ја освојат Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.

Доведувањето на Конате во Реал беше едно од предизборните ветувања на претседателот на Реал, Флорентино Перез.

Конате е третото засилување за новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, по Бернардо Силва и Марко Кукуреља.

Ибрахима Конате моментално е со француската репрезентација на Светското првенство, но не играше во победата на тимот од 3-1 над Сенегал во првото коло.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Претседателот на Комо најавува напад на врвот: Сакаме да бидеме како Барселона

Претседателот на Комо, Мирван Суварсо, изјави дека клубот сака...

Де Јонг се враќа во Холандија, Чави го објави составот за Лигата на нации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Чави Ернандез, го...

Тухел објасни зошто го повикал помладиот Белингам

Менаџерот на Англија, Томас Тухел, ја објасни својата одлука...

Де ла Фуенте го објави составот: Три нови лица за клучните натпревари од Лигата на нациите

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис де ла Фуенте...