Откако неодамна ги обнови договорите на младата ѕвезда Кенан Јилдиз и тренерот Лучано Спалети, Јувентус денес објави дека го продолжиле и договорот со капитенот Мануел Локатели.
Новиот договор на играчот од средниот ред важи до летото 2030 година, со плата од 4 милиони евра по сезона.
2️⃣0️⃣3️⃣0️⃣ ✍🏻
Official: Manuel Locatelli renews his contract ⚪⚫
🗞️➡️ https://t.co/xl17bYZhAU pic.twitter.com/RoCCXl3FJz
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) April 17, 2026
Италијанскиот интернационалец се приклучи на својот сакан тим во летото 2021 година, кога триумфираше со европската титула со „азурите“. Во тоа време, „старата дама“ се договори со Сасуоло за двегодишна позајмица, по што платија околу 36 милиони евра за играчот од средниот ред.
Досега, 28-годишникот има запишано вкупно 224 натпревари со 9 гола и 17 асистенции за гигантот од Торино.
Every step has led here. The journey continues. pic.twitter.com/9y6Boew8aD
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) April 17, 2026
„Сите се сеќаваме како, по неговото пристигнување во 2021 година, Мануел со големи емоции зборуваше дека отсекогаш бил навивач на Јувентус. Затоа, обновувањето на неговиот договор претставува природно продолжение на развојот на неговото лидерство на теренот, како и неговиот непоколеблив дух на Јувентус, кој е во целосна хармонија со вредностите и амбициите на нашиот клуб. Ова е чекор напред кон давање цврстина и конзистентност на нашиот спортски проект со поглед кон иднината и со цел тимот да стане поконкурентен“, изјави извршниот директор Дамиен Комоли за веб-страницата на клубот.
Loca 🏡❤️ pic.twitter.com/OSQzOnSgdM
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) April 17, 2026


