📽️Сити го престигна Арсенал и се искачи на лидерската позиција, Барнли и официјално се збогува со Премиер лигата

Манчестер Сити постигна исклучително важен успех со 1:0 на гостувањето кај Барнли во натпревар од 34-то коло од Премиер лигата. Со овој успех, „граѓаните“ се искачија на првата позиција во генералниот пласман, каде што го заменија претходниот лидер - Арсенал

Прегледи:

Датум:

Манчестер Сити постигна исклучително важен успех со 1:0 на гостувањето кај Барнли во натпревар од 34-то коло од Премиер лигата. Со овој успех, „граѓаните“ се искачија на првата позиција во генералниот пласман, каде што го заменија претходниот лидер – Арсенал.

Двата тима имаат еднаков број бодови и гол-разлика, а момците на Пеп Гвардиола постигнаа повеќе голови.

Поразот на домаќините пак го формализираше нивното испаѓање од највисокото ниво на англискиот фудбал. Единствениот гол на натпреварот падна во 5-тата минута, кога гол постигна Ерлинг Халанд.

Гостите имаа целосна контрола и доминација во натпреварот, но така и не успеаја да постигнат втор гол, а за тоа помогна многу организираната игра на Барнли и одличните интервенции на Мартин Дубравка.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...

Рафиња нов прв капитен на Барселона, Јамал петти на листата

Актуелниот шпански шампион Барселона денес објави дека прв капитен...

Евролигата потврди: Суперкупот во Абу Даби

Евролигата ги негираше наводите дека првиот Суперкуп од ова...