🎬Бejeр го реши Ајнтрахт, Борусија се искачи на првото место во Бундеслигата

Мрежите долго време мируваа на „Вестфален“, и како што секогаш се случува, еден добар потег во финишот се покажа како доволен за да се одлучи победникот во пресметката меѓу Дортмунд и Франкфурт во 7. коло од Бундеслигата

Прегледи:

Датум:

Мрежите долго време мируваа на „Вестфален“, и како што секогаш се случува, еден добар потег во финишот се покажа како доволен за да се одлучи победникот во пресметката меѓу Дортмунд и Франкфурт во 7. коло од Бундеслигата.

Херој на домашниот тим беше резервистот Максимилијан Бејер, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 80. минута. Германскиот интернационалец ја прими топката на работ од шеснаесетникот, а потоа го победи Атубалу со прецизен удар во далечниот агол.

Борусија Дортмунд со овој триумф се искачи на првото место на табелата во Бундеслигата.

Тимот на Нико Ковач така се врати на победнички патеки по два последователни нерешени натпревари.

Дортмунд сега има 17 бода и е на врвот на табелата, три повеќе од Баерн, кој има натпревар помалку. Ајнтрахт е на 13. позиција со осум бода.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Антонели од пол-позиција во Остин ќе ја нападне титулата

Андреа Кими Антонели ја освои својата седма пол-позиција оваа...

📽️ FNC 34: Бојковиќ го освои појасот во лесна категорија по феноменален нокаут

Марко Бојковиќ направи изненадување вечерва во Скопје со победата...

Алонсо: Не покажавме ништо против Тотенхем, мора да го подигнеме нивото

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, изрази сериозно разочарување по...

🎬Волкановски му го нанесе првиот пораз на Мовсар Евлоев!

Александар Волкановски го победи Мовсар Евлоев со технички нокаут...