Бекот на Ливерпул, Константинос Цимикас, веројатно ќе го напушти гигантот од Мерсисајд во текот на летото, тврди грчкото издание Sport24.gr.
Според изворот, 30-годишниот Грк е подготвен за нов предизвик и сака промена на средината. Една од најверојатните дестинации за него да ја продолжи кариерата е шпанската Ла Лига, каде што неколку клубови веќе ја истражуваат можноста да го привлечат.
Цимикас се приклучи на Ливерпул во 2020 година, а неговиот тековен договор со тимот е важечки до следното лето. Според специјализираниот портал Transfermarkt, пазарната вредност на дефанзивецот е 4,5 милиони евра.


