Легенда на Барселона шокира: Бев посреќен во затвор со 113 евра отколку со милиони играјќи фудбал

Дани Алвеш, поранешна ѕвезда на Барселона и еден од најдобрите десни бекови на сите времиња, повторно го привлече вниманието на јавноста откако отворено проговори за големата промена во неговиот живот за време на неговиот престој во затвор во Шпанија

Прегледи:

Датум:

Дани Алвеш, поранешна ѕвезда на Барселона и еден од најдобрите десни бекови на сите времиња, повторно го привлече вниманието на јавноста откако отворено проговори за големата промена во неговиот живот за време на неговиот престој во затвор во Шпанија.

Откако беше осуден за сексуален напад и помина 14 месеци зад решетки пред да биде ослободен, Алвеш стана евангелистички пастор. Во таа улога, тој неодамна ги спореди своите години слава на фудбалскиот терен со тешкото искуство во затворот.

Тој откри дека за својата работа во затворот „Бријанс 2“, во близина на Барселона, добивал 113 евра месечно, но дека тогаш бил посреќен отколку во професионалниот фудбал.

„Фала му на Бога што заработував милиони на теренот, но во затвор, примајќи само 113 евра, бев многу посреќен“, шокираше Алвес.

Зборувајќи за својата вера во Бога и неговиот променет поглед на светот, тој додаде: „Си поставувам многу прашања. Пред Него сум како дете. Го прашувам за сè.“

Неговите зборови се дел од низа религиозни настани и собири во кои Алвеш учествувал неодамна. Откако почнал да држи проповеди, јавно зборувал за своите затворски денови и за својата духовна трансформација.

Алвеш (43) бил уапсен во јануари 2023 година под обвинение за сексуален напад врз девојка во ноќен клуб во Барселона во декември 2022 година.

Судот го осудил на четири и пол години затвор во февруари 2024 година, но бил ослободен во март истата година со кауција од еден милион евра, откако претходно поминал околу 14 месеци во притвор.

Потоа, во март 2025 година, Врховниот суд на регионот Каталонија ја поништил пресудата и го ослободил по жалба, тврдејќи дека првичната пресуда содржела голем број противречности и дека доказите биле недоволни за да се оспори презумпцијата на невиност.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо го предупреди Винисиус: Не давам привилегии на никого

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го даде своето...

Нов предизвик: Брејди станува еден од сопствениците на Челси

Легендарниот НФЛ играч Том Брејди би можел да стане...

📽️ Покетино: Фернандеш е важен играч за Јунајтед

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Маурисио Покетино, изјави дека...

Дербито со „тешка“ дисциплинска завршница: Ефремовски ќе плати 200.000 денари

Првото сезонско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички, кое...