Излезните анкети покажуваат убедливо водство на Перез пред Рикелме

Првите бројки по пребројувањето на гласовите за претседател на Реал Мадрид веќе почнаа да излегуваат. Според резултатите од 21:00 часот по наше време, сегашниот долгогодишен шеф на клубот, Флорентино Перез, има убедливо водство

Прегледи:

Датум:

Првите бројки по пребројувањето на гласовите за претседател на Реал Мадрид веќе почнаа да излегуваат. Според резултатите од 21:00 часот по наше време, сегашниот долгогодишен шеф на клубот, Флорентино Перез, има убедливо водство.

Излезната анкета на шпанскиот весник „Марка“ дава 65,95% поддршка за Перез, додека неговиот противник Енрике Рикелме собира 34,05%.

Ова се и првите бројки од крајот на денот на изборите, кој требаше да заврши во 20:00 часот по локално шпанско време. Претходно во текот на денот, „Марка“ објави за слично водство за Перез.

Гласањето се одржа во базата на клубот – Сиудад Реал Мадрид во Валдебебас, каде што гласаа членовите на Реал Мадрид. За прв пат од 2006 година, има повеќе од еден кандидат за функцијата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ГФК Тиквеш со реакција до ФФМ: Ги отфрламе сите сомнежи дека сме фалсификувале документи за кој било фудбалер

ГФК Тиквеш во реакција на соопштението на Фудбалската Федерација...

Тевез: Сакав да го убијам Невил, Фергусон ме предаде и ме излажа, отидов во Сити за одмазда

Карлос Тевез важеше за еден од најдобрите напаѓачи во...

Леклерк дели врвен рекорд со Сена во Мексико

Статистиката на Формула 1 покажува дека во последните 15...