Кејн: Игравме неверојатно од почеток до крај

Англискиот напаѓач Хари Кејн изјави дека е горд на тимот, кој, како што истакна, доминираше од првата до последната минута против Хрватска во Риека

Прегледи:

Датум:

Англискиот напаѓач Хари Кејн изјави дека е горд на тимот, кој, како што истакна, доминираше од првата до последната минута против Хрватска во Риека.

„Горди Албион“ славеше со дури 7:0 и ѝ го предизвика на Хрватска најубедливиот пораз во историјата.

„Беше неверојатно од почеток до крај. Пред натпреварот многу пати повторувавме дека мораме и сакавме да играме вистински 90 минути и успеавме да го направиме тоа“, рече Кејн.

Асот на Баерн постигна два гола.

„Доминиравме максимално, со и без топка. Бевме физички супериорни и многу слободни во играта. Наметнавме свој ритам и Хрватска не можеше да се справи со тоа“, рече Кејн.

Како и Кејн, Букајо Сака исто така постигна два гола кај Рујевица.

„Игравме со многу енергија и борбен дух. Беше одличен натпревар од наша страна. Уживавме во играта и бевме подготвени да ја казниме секоја грешка на противникот. Покажавме глад за победа. Не застанавме до крајот на натпреварот“, рече Сака.

Селекторот на Англија, Томас Тухел, истакна дека сите играчи биле на врвно ниво.

„Секоја чест за мојот тим. Ми се допадна нашиот став на теренот“, рече Тухел.

По три одиграни кола, Шпанија и Англија имаат по шест бода на врвот на табелата, Хрватска има три, додека Чешка нема бодови.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Вардар убедлив против Охрид во дербито на колото

Вардар ги најави своите шампионски амбиции со убедлива победа...

„Лајк“ на Роналдо на социјалните мрежи ги разгоре емоциите во Португалија

Сагата околу Кристијано Роналдо и португалската репрезентација продолжува да...

Хрватските медиуми го нападнаа Билиќ по „седумката“ од Англија

Хрватските фудбалери претрпеа тежок пораз во натпреварот против Англија...

Историски дебакл на Хрватска на „Рујевица“

Славен Билиќ честопати губел убедливо од Англија, но никогаш...