Малку добри вести и за Реал: Мбапе се враќа

Во последно време имаше малку позитивни вести за Реал Мадрид

Прегледи:

Датум:

Во последно време имаше малку позитивни вести за Реал Мадрид. Кралскиот клуб брзо го предаде првото место во Ла Лига, додека во Лигата на шампионите успеаја да ја елиминираат Бенфика, повеќе поради индивидуалниот квалитет отколку поради добрата игра. Сепак, во морето од лоши работи, се појави една добра работа. Килијан Мбапе се опорави од повредата на коленото и ќе се приклучи на тренинзите на тимот.

Сега е трка со времето за да се оспособи Французинот за осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Мбапе треба да одработи два тренинзи со тимот, по што ќе се знае дали може да игра против „граѓаните“. Последниот збор ќе го имаат двајца специјалисти лекари од Валдебебас.

Пред ова, еден од најдобрите фудбалери на денешницата беше незадоволен од начинот на кој се однесуваа лекарите на клубот, па отиде во Париз на второ мислење. Се покажа дека лекарите само ја потврдија дијагнозата што му беше дадена во Реал.

Мбапе има проблем со коленото од декември и играше долго време со болки и инјекции пред да побара помош. Во Мадрид имаше стравувања дека нема да може да игра против Сити, но како што стојат работите, коленото е многу подобро и постои можност да истрча на теренот на „Сантијаго Бернабеу“ во среда.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...