Модриќ уште една сезона во дресот на Милан

Милан стави крај на шпекулациите околу иднината на Лука Модриќ со официјално објавување на нов договор со хрватскиот маестро. Ветеранот одлучи да не ги „закачи копачките“ и ќе остане на „Сан Сиро“ до крајот на сезоната 2026/27

Прегледи:

Датум:

Милан стави крај на шпекулациите околу иднината на Лука Модриќ со официјално објавување на нов договор со хрватскиот маестро. Ветеранот одлучи да не ги „закачи копачките“ и ќе остане на „Сан Сиро“ до крајот на сезоната 2026/27.

Претходниот договор на 40-годишниот освојувач на „Златната топка“ истече на крајот на јуни, што го направи слободен агент за време на Светското првенство.

Сепак, играчот од средниот ред имал личен разговор со новиот тренер Рубен Аморим и ја прифатил понудата на „росонерите“ да го предводи тимот за новата сезона.

Минатата година, тој одигра 37 натпревари, постигна два гола и имаше три асистенции за „росонерите“, но во април доживеа непријатна повреда што го искомплицира крајот на сезоната за него, а тимот на Масимилијано Алегри на крајот ги пропушти квалификациите за Лигата на шампионите.

Веста за новиот договор на Модриќ доаѓа веднаш по учеството на играчот на Светското првенство, каде што беше капитен на Хрватска и запиша една асистенција на четири натпревари, но „ватрените“ бее елиминиран во шеснаесетфиналето по драматичниот пораз од Португалија со 2-1.

Легендарниот играч за врска сè уште официјално не ги објавил своите планови за репрезентацијата и дали ќе ја заврши кариерата за Хрватска.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ГФК Тиквеш со реакција до ФФМ: Ги отфрламе сите сомнежи дека сме фалсификувале документи за кој било фудбалер

ГФК Тиквеш во реакција на соопштението на Фудбалската Федерација...

Тевез: Сакав да го убијам Невил, Фергусон ме предаде и ме излажа, отидов во Сити за одмазда

Карлос Тевез важеше за еден од најдобрите напаѓачи во...

Леклерк дели врвен рекорд со Сена во Мексико

Статистиката на Формула 1 покажува дека во последните 15...