Ивановски поради повреда го предаде мечот од второто коло на ИТФ 25 Олерсбах

Македонскиот тенисер Калин Ивановски во вториот сет од мечот од второто коло со Словенецот Бор Артнак го предаде мечот поради повреда. Тенисерите минаа околу 70 минути на теренот до моментот кога Ивановски се повлече

Прегледи:

Датум:

Македонскиот тенисер Калин Ивановски во вториот сет од мечот од второто коло со Словенецот Бор Артнак го предаде мечот поради повреда. Тенисерите минаа околу 70 минути на теренот до моментот кога Ивановски се повлече.

Првиот сет му припадна на Артнак со 6:4 во гемови, откако успеа да направи брејк во третиот гем и да поведе со 2:1 во гемови. Ивановски во деветтиот гем успеа да спаси сет топка. Во вториот сет Артнак веднаш направи брејк и поведе со 1:0 во гемови по што македонскиот тенисер го предаде мечот.

Инаку, и во вчерашниот дуел од Русинот Александер Чајка, Ивановски во првиот сет побара медицински тајмаут по кој успеа да ги добие следните два сета.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

ГФК Тиквеш со реакција до ФФМ: Ги отфрламе сите сомнежи дека сме фалсификувале документи за кој било фудбалер

ГФК Тиквеш во реакција на соопштението на Фудбалската Федерација...

Тевез: Сакав да го убијам Невил, Фергусон ме предаде и ме излажа, отидов во Сити за одмазда

Карлос Тевез важеше за еден од најдобрите напаѓачи во...

Леклерк дели врвен рекорд со Сена во Мексико

Статистиката на Формула 1 покажува дека во последните 15...