Несторовски: „На терен сум манјак, а резултатите на Македонија се премногу лоши“

Илија Несторовски во интервју за хрватски „Јутарњи лист“ отворено зборуваше за својот темперамент на теренот, но и за состојбата во македонската репрезентација.

Прегледи:

Датум:

Илија Несторовски признава дека на фудбалскиот терен е сосема поинаков човек од оној надвор од него. Искусниот напаѓач на Славен Белупо во интервју за „Јутарњи лист“ открива дека знаел да се расправа и со соиграчите, бидејќи бара максимална посветеност и сериозен пристап кон играта и тренинзите.

„На терен сум манјак, во фудбалска смисла. Тогаш сум на 200 проценти и сите мораме тие два часа да ги дадеме максимално. Често сум се расправал со соиграчите, но не за да бидам јас подобар, туку тие да бидат подобри“, објаснува Несторовски.

Во разговорот неизбежна беше и темата за македонската репрезентација, во која последен пат настапи во 2023 година. Несторовски вели дека националниот тим има нов план со подмладување и дека во моментов нема место за него, иако смета дека во последните три години игра стабилно во силна лига.

Тој не го крие разочарувањето од резултатите на Македонија.

„Резултатите во моментов се премногу лоши. Се надевам дека наскоро ќе направат позитивен чекор, бидејќи полошо од ова не може“, вели Несторовски во интервјуто за „Јутарњи лист“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нико Паз објасни зошто не се вратил во Реал Мадрид, но желбата сè уште постои

Нико Паз не се вратил во Реал Мадрид затоа...

Гвардиола го фали Клоп: Многу сум среќен што се врати на тренерската работа

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше само...

📸🎥 Чуамени останува „крал“ уште шест сезони

Реал Мадрид и Аурелиен Чуамени ја продолжуваат соработката до...

📷 Алкараз не е сериозно повреден, продолжува да игра во Торино

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не е сериозно повреден, па...