Омерагиќ: Нема повеќе клубови што постојат само на хартија, лажни записници и фиктивен систем

„До последната пререгистрација биле регистрирани 44.996 фудбалери во машка конкуренција. После пререгистрацијата бројот на машки фудбалери е 14.210. Во следниот период ќе се утврди точната бројка и во женска конкуренција. Тоа не е мала грешка. Тоа е системска манипулација“

Прегледи:

Датум:

„До последната пререгистрација биле регистрирани 44.996 фудбалери во машка конкуренција. После пререгистрацијата бројот на машки фудбалери е 14.210. Во следниот период ќе се утврди точната бројка и во женска конкуренција. Тоа не е мала грешка. Тоа е системска манипулација. Со новиот Статут, тоа завршува. Нема повеќе клубови што постојат само на хартија. Нема повеќе лажни записници. Нема повеќе фиктивен систем“.

Ова го изјави денеска Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на редовното годишно Собрание.

Во период од само еден месец, од ноември до декември 2024 година, еден месец пред да ја преземе функцијата, потрошени се околу 5 милиони евра од средствата наменети за развој на фудбалот, вели тој.

„Ние затекнавме таква состојба и не побаравме алиби. Почнавме да воведуваме ред. Само трошоците за хотелски, чартер летови и авионски карти ги намаливме за повеќе од еден милион евра. Секој денар гледаме каде оди. Затоа што овие средства не се ничии приватни, тие се на фудбалот“, истакна Омерагиќ.

На Собранието денеска присуствуваа 61 од вкупно 65 делегати, при што беа усвоени Завршната сметка за 2025 година, Буџетот за 2025 година, Новиот Статут на ФФМ, како и Одлука за овластување на Управниот одбор на ФФМ за донесување на Стратегија за развој на ФФМ 2026-2030

УЕФА и ФИФА направија детална анализа на нашите статутарни одредби и укажаа на области кои треба да се усогласат со меѓународните стандарди. Во заедничкиот процес беше утврдено дека значителен дел од Општинските фудбалски сојузи се нефункционални или постојат само формално.

Новиот модел предвидува регионализација, решение кое ќе создаде функционални структури, подобра застапеност и повисоко ниво на транспарентност.

„По 15 години, Фудбалската федерација на Македонија добива нов Статут, документ кој не е само формалност, туку темел на системското функционирање. Статутот е изработен во координација со УЕФА и ФИФА, што гарантира усогласеност со највисоките меѓународни стандарди. Со него се воведува поголема транспарентност, јасна распределба на одговорности и функционален систем на одлучување. Ова значи крај на импровизациите и почеток на институционална стабилност“, стои во соопштението на ФФМ.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...