Откриени имињата на играчите на кои Мурињо нема да смета кога ќе го преземе Реал Мадрид

Со оглед на тоа што Португалецот сè уште не е официјално претставен на стадионот „Бернабеу“, ова тврдење на новинар од радиото „Кадена Сер“ може да изгледа неосновано и произволно, но...

Прегледи:

Датум:

Гонзало Гарсија, Фран Гарсија, но и Брахим Дијаз, Едуардо Камавинга и аргентинското „чудо од дете“ Франко Мастантуоно – наводно – не се во плановите на Жозе Мурињо во неговата прва сезона назад во Мадрид.

Со оглед на тоа што Португалецот сè уште не е официјално претставен на стадионот „Бернабеу“, ова тврдење на новинар од радиото „Кадена Сер“ може да изгледа неосновано и произволно, но…

Исто така е добро познато дека Специјлниот често ја започнуваше својата работа во клубовите со случајно „чистење“ на соблекувалната. На пример, тој еднаш го отстрани Бастијан Швајнштајгер од првиот тим на Манчестер Јунајтед пред дури и да го има својот прв тренинг со германскиот ас.

Оние кои знаат како „работи“ Мурињо се сеќаваат дека на овој начин врши притисок врз раководителите на клубовите за кои работи да доведат засилувања – веднаш, а не по една или две сезони – бидејќи тој „со време“ им укажува кои се слабите алки во соблекувалната.

Значи… Лесно може да се случи популарното шпанско радио да е на вистинскиот пат тука и, кога Мурињо навистина ќе ги собере играчите на почетокот од подготовките, некои од овие имиња да бидат на дното од листата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Премиер лигата со радикална одлука по грешката во дербито на Манчестер

Судиите одговорни за системот за видео помошник на судијата...

Клиперс и Торонто го финализираа договорот за Ленард

Торонто Репторс и Лос Анџелес Клиперс го финализираа договорот...

Шок трансфер: Серхио Рамос на чекор до договор со Астон Вила

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос (40) е во преговори со...

Киву: Модерниот фудбал е ризичен, но ми се допаѓа

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, го пофали карактерот на...