Јасикевичиус: Немаме идентитет како тим

Фенербахче не помина добро на турнејата низ Шпанија. Шампионите на Турција беа поразени во Валенсија во двојната рунда од Евролигата, а потоа и од Реал Мадрид во Мадрид.

Прегледи:

Датум:

Фенербахче не помина добро на турнејата низ Шпанија. Шампионите на Турција беа поразени во Валенсија во двојната рунда од Евролигата, а потоа и од Реал Мадрид во Мадрид.

Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, беше многу разочаран од играта на своите играчи, но брзо ги детектира проблемите.

-Немаме идентитет како тим. Имаме група играчи со големи имиња и мора да најдеме начин да играме еден за друг. Јасно е дека можеме многу да направиме индивидуално, но така не се победува. Мора да најдеме начин да играме како тим – јасен е литванскиот стручњак.

Легендарниот Шарунас знае како да се врати на победничкиот колосек.

-Не играме тимска кошарка. Се обидуваме да ги поправиме работите, но ако продолжиме да мислиме дека сме премногу добри, нема да станеме тим. Имавме 20 офанзивни скокови, момците се бореа за победата. Немам забелешки за начинот на кој се боревме. Сепак, игравме премногу индивидуално. Мислевме дека сме толку добри што можеме сè да решиме еден на еден. Понекогаш едноставно треба да играте поедноставна кошарка, додаде тој.

По девет кола во Евролигата, Фенербахче има скор од 6-3.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атанасов и МЗТ ја раскинаа соработката

МЗТ Скопје Аеродром соопшти дека клубот и досегашниот шеф...

„Не сте имале никој како мене во последните 70 години“, вели Хамилтон пред трката во Мексико

Луис Хамилтон (41), седумкратниот светски шампион во Формула 1,...

Трент се враќа во Премиер лигата?

Трент Александар-Арнолд (28) би можел да се врати во...

Кошаркар на Широки трчал низ селото, мештаните мислеле дека е мигрант и го пријавиле во полиција?

Американскиот кошаркар Шавон Луис, играч на ХКК Широки, наводно...