Откриено кој го убедил Родри да го одбие Реал и да ја прифати понудата на Барселона

Иако речиси беше договорено Родри да се пресели од Манчестер Сити во Реал Мадрид, Барселона интервенираше во последен момент и практично го „украде“ најдобриот играч на Светското првенство од својот најголем ривал

Прегледи:

Датум:

Иако речиси беше договорено Родри да се пресели од Манчестер Сити во Реал Мадрид, Барселона интервенираше во последен момент и практично го „украде“ најдобриот играч на Светското првенство од својот најголем ривал.

Родри вчера го информираше раководството на каталонскиот клуб дека сака да стане дел од тимот на Ханси Флик, со што се елиминира секоја можност за негова преселба во Реал Мадрид, пишува „Марка“.

Флик лично го контактирал Родри, како и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, и спортскиот директор Деко, но шпанскиот играч од средниот ред не донесе одлука откако разговараше со нив.

Според шпанските новинари, Флик, Лапорта и Деко му ги презентирале своите планови на Родри, но освојувачот на „Златната топка“ во 2024 година се консултирал со Пеп Гвардиола за конечната одлука.

Родри го одигра својот најдобар фудбал под водство на Гвардиола во Сити, а на крајот ја донесе конечната одлука во разговор со него.

Гвардиола, како легенда на Барселона, го советувал да оди во Каталонија, а Родри го послушал како што направил многу пати во кариерата, а сега сè што останува е клубовите да се договорат за обештетувањето.

Се претпоставува дека Барселона ќе плати околу 50 милиони евра за Родри и дека трансферот ќе биде официјализиран следната недела.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Италија збори за Дилета и Аморим: Комплиментот на атрактивната Италијанка ја разгоре фантазијата на јавноста

Атрактивната италијанска новинарка Дилета Леота се најде во центарот...

Легендарниот напаѓач го нападна Рашфорд: „Тој е најголемиот проблем во Јунајтед“

Маркус Рашфорд се соочи со жестоки критики за неговите...

Тежок удар за Англија и Тухел – ѕвезди на Арсенал, Челси и Манчестер Јунајтед надвор од составот

Репрезентацијата на Англија и тренерот Томас Тухел денес претрпеа...

Монако бара влез во АБА 2 лигата

Монако е во сериозна криза, а раководството на клубот...