Пелистер го назначи Христов за нов шеф на стручниот штаб

Фудбалскиот клуб Пелистер потпиша договор со Борче Христов на две години, како нов шеф на стручниот штаб. Станува збор за тренер со богато искуство во македонскиот фудбал, но и со значајно меѓународно искуство

Прегледи:

Датум:

Фудбалскиот клуб Пелистер потпиша договор со Борче Христов на две години, како нов шеф на стручниот штаб. Станува збор за тренер со богато искуство во македонскиот фудбал, но и со значајно меѓународно искуство.

Христов има повеќе ангажмани во минатото, последно го водеше Тиквеш, а претходно работеше во Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија, додека во меѓународната кариера работеше во Карабах и Зира.

„Веруваме дека неговото знаење, карактер и визија ќе бидат клучни во остварувањето на нашите цели. Нашата определба е јасна – експресно враќање на Пелистер во ПМФЛ“, велат од клубот.

Стартот на подготовките за новата сезона е закажан за 9 јули, кога ќе биде извршена и првата прозивка.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МТЕЛ Суперлига: Работнички триумфираше во Струмица, Пелистер подобар од ТФТ

Работнички ја оправда фаворитската улога и со победа од...

Саудиска Арабија се откажа од футуристичкиот стадион за СП 2034

Еден од најспектакуларните проекти за Светското првенство во 2034...

Скалони пред збогувањето со Меси: Репрезентацијата ќе продолжи да постои, но ништо нема да биде исто

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека побарувачката за...

Ефремовски: Ќе дадеме сè од себе да ја оправдаме довербата на нашите навивачи

„Амбициите секогаш треба да бидат највисоки. Сакаме да одиграме...