Покрената постапка против ФК Тиквеш 1930 поради провокативен банер со навредлива содржина кон ФФМ

На натпреварот меѓу ФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973, одигран на 3 мај 2026 година во Кавадарци, било констатирано сериозно прекршување од страна на домашната публика

Прегледи:

Датум:

Комисијата за натпреварување при ФФМ, на седницата одржана на ден 04.05.2026 година, покрена дисциплински мерки по настаните од натпреварите во 30. коло од Првата МФЛ, сезона 2025/26.

На натпреварот меѓу ФК Тиквеш 1930 и ФК Аресими 1973, одигран на 3 мај 2026 година во Кавадарци, било констатирано сериозно прекршување од страна на домашната публика. Навивачката група „Лозари“ употребила пиротехника, при што 38 пати биле фрлани пиротехнички средства на теренот. И покрај двете предупредувања преку разгласот, инцидентите продолжиле. Дополнително, бил истакнат и провокативен банер со навредлива содржина кон ФФМ, кој бил отстранет по интервенција преку официјалниот спикер. Поради овие случувања, против клубот е покрената дисциплинска постапка и случајот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ.

На вториот натпревар, меѓу ФК Силекс АД Кратово – ФК Шкендија АД Тетово, одигран на 1 мај 2026 година во Кратово, инцидентите се случиле по завршувањето на натпреварот.  Фудбалерот на гостинскиот тим ФК Шкендија, Имран Фетаи, оштетил врата од службените простории, удирајќи ја со нога. За настанот е направен и полициски записник и е земена изјава од играчот.

Дополнително, шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири, се однесувал некоректно кон припадниците на МВР, упатувајќи вербални навреди во службените простории.

Согласно горенаведеното Комисијата за натпреварување на ФФМ, покрена дисциплинска постапка против фудбалерот на ФК Шкендија, Имран Фетаи и против шефот на стручен штаб на Јетон Беќири и истите се предаваат на Дисциплинска Комисија на ФФМ.

Воедно, ФК Шкендија е задолжена во рок од 15 дена од одигрување на натпреварот, да постигне договор со ФК Силекс за надомест на причинетата штета и писмено да ја извести Комисијата за натпревари на ФФМ за регулирањето на обврската, стои во соопштението на Федерацијата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Атлетико прифатил понуда од Арсенал за својата аргентинска ѕвезда?

Хулијан Алварез се најде во центарот на трансфер сагата...

Џошуа планира да остане во рингот уште 3 години

Ентони Џошуа, 36, би можел да биде во рингот...

Семејството Митал ја поддржува понудата за Ливерпул што може да доведе до голема промена

Инвестициска група предводена од Амит Батија (зет на челичниот...

Блатер повторно го нападна Инфантино: Да го вратиме фудбалот на ново водство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го повтори својот...