ПСЖ објасни зошто се откажале од Диоманде

Пари Сен Жермен се откажа од потпишувањето на Јан Диоманде поради преголемите финансиски барања на РБ Лајпциг

Прегледи:

Датум:

Пари Сен Жермен се откажа од потпишувањето на Јан Диоманде поради преголемите финансиски барања на РБ Лајпциг. Францускиот клуб ги објасни причините зошто се откажа од трката за потписот на крилниот напаѓач. Вчера, Парижаните официјално објавија дека ја повлекуваат својата понуда за трансфер на играчот од „Црвените бикови“.

„Бараната трансферна цена и барањата за плата се апсолутно непропорционални и би можеле да ја нарушат рамнотежата на пазарот“, се вели во соопштението на клубот.

Според извештаите, 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска е на работ на преселба во Реал Мадрид, кој ќе плати над 100 милиони евра за него.

„На крајот, тие (РБ Лајпциг – н.з.) побараа луда сума за играч кој има потенцијал, но пред една година играше во втората шпанска дивизија. Ние нема да преплаќаме и да се откажуваме од нашата политика за играч само затоа што друг клуб предизвика вистински огномет околу него!“, коментираше извор од ПСЖ, цитиран од „Екип“.

„Ова ја покажува состојбата на Реал Мадрид во моментов“, додава лицето од францускиот гигант.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мбапе се извини на Кинезите откако три компании ги прекина врските со него

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе денес се извини за коментарите...

Челси без Жоао Педро во следните неколку недели

Фудбалерот од средниот ред на Челси, Жоао Педро, ќе...

Евролигата одлучи: Абу Даби ќе биде домаќин на „Ф4“ во 2027 и 2029 година

Фајнал Фор (Ф4) на Евролигата повторно ќе се одржи...

Сопруга на бразилски репрезентативец: „Ме изневеруваше со проститутки кога бев бремена“

Аманда Мартинс, сопругата на бразилскиот фудбалер на Рома, Весли...