Манчестер Јунајтед мора да му плати отштета на Њукасл за Еди Хау

Манчестер Јунајтед мора да му плати отштета на Њукасл ако сака да го назначи Еди Хау за замена на Мајкл Карик

Прегледи:

Датум:

Манчестер Јунајтед мора да му плати отштета на Њукасл ако сака да го назначи Еди Хау за замена на Мајкл Карик. Во последните денови, Англичанецот се појави како главен фаворит за жешката позиција, а директорот за фудбал на „Црвените ѓаволи“, Џејсон Вилкокс, го претпочита поради неговите квалитети и искуството што веќе го има во Премиер лигата.

Хау го напушти Њукасл во јули, но „Сент Џејмс Парк“ ја обезбеди оваа заштита со задолжителна отштета, бидејќи имаше договор со клубот уште неколку години. Ова беше услов стручњакот да биде ослободен од договорот во текот на летото. Според „Дејли Телеграф“, отштета првично била во износ од 6 милиони фунти, но сега се очекува износот да се преполови.

Дополнително, Манчестер Јунајтед сигурно мора да му плати отштета и на Крик, кој има договор со клубот до летото 2028 година. Веројатно е дека разјаснувањето на сите овие финансиски детали сè уште го одложува објавувањето на одлуката за тренерската смена.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Зошто Мекларен му нареди на Пјастри да го пушти Норис пред себе во САД?

Шефот на тимот на Мекларен, Андреа Стела, ги објасни...

Лапорта: Не знам кога, но Јамал ќе ја освои „Златната топка“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изрази целосна доверба во...

🎬 Дилон Брукс постигна кош на невообичаен начин, фановите во чудо

Оклахома Сити Тандер ги победија Феникс Санс со 125:114...

🎥 Јанис по 0:4 на стартот на НБА сезоната: „Само ќе се влоши ако…“

Мајами Хит сè уште чекаат на својата прва победа...