Серхио Љул стана играчот со најмногу настапи за еден клуб во историјата на шпанската АЦБ лига, откако достигна 690 одиграни натпревари за мадридскиот тим во натпреварот против Љеида.
Така го надмина претходниот рекордер Хуан Карлос Наваро, кој одигра 689 пати за Барселона во првенството.
Неговата приказна во Мадрид започна во 2007 година, кога пристигна од Манреса. Речиси две децении подоцна, Љул стана еден од најпрепознатливите играчи во историјата на клубот, а неговото име се наоѓа покрај бројни рекорди и освоени трофеи.
Овој подвиг доаѓа само една недела по уште едно значајно достигнување. Љул тогаш ја премина границата од 7.000 поени во АЦБ лигата со Реал Мадрид, потврдувајќи го својот статус како еден од најважните играчи на неговата генерација.
Наследството на Љул не се одразува само во бројот на одиграни натпревари. Со девет освоени титули во шпанското првенство во ерата на АЦБ, тој е на врвот на листата на најтрофејни играчи во натпреварувањето. Тој го освои трофејот во 2007, 2013, 2015, 2016, 2018, 2019, 2022, 2024 и 2025 година.
Неговата богата колекција вклучува и три трофеи од Евролигата, освоени во 2015, 2018 и 2023 година, како и бројни домашни купови.
Особено е значаен фактот дека Љуљ е најдобар стрелец на Реал Мадрид во историјата на АЦБ лигата, додека држи и клупски рекорди во други статистички категории, вклучувајќи го бројот на постигнати тројки и асистенции.
🫡 Llull con L de LEYENDA
✨ Jugador con más partidos de Liga disputados con un mismo club. https://t.co/g4snnEQIEC— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) October 25, 2026


