Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал ќе игра егзибициски турнир во Лас Вегас на 28 февруари 2027 година, што ќе биде негов прв настап во Соединетите Држави откако ја заврши професионалната кариера.
Освојуваќот на 22 Гренд слем титули ќе игра во Т-Мобиле Арена, а организаторите ќе ги објават имињата на другите учесници во наредните недели.
Надал последен пат играше во Лас Вегас во 2024 година, кога играше против сонародникот Карлос Алкараз.
„Се враќам во поинаква фаза од мојот живот, без притисок од натпреварувањето, но со истата страст за овој спорт. Иако мојата професионална кариера е завршена, љубовта кон натпреварувањето никогаш не престанува“, рече Надал.
Егзибицискиот турнир ќе се одржи неколку дена пред Мастерсот во Индијан Велс, а се очекува настанот да собере познати имиња од светскиот тенис.


