Рашфорд би можел повторно да игра за Манчестер Јунајтед, Карик го сака назад на „Олд Трафорд“

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд е на прагот да се предомисли и да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед. До неодамна ставот на крилниот напаѓач беше цврст - дека повеќе нема да игра за „Црвените ѓаволи“

Прегледи:

Датум:

Англискиот репрезентативец Маркус Рашфорд е на прагот да се предомисли и да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед. До неодамна ставот на крилниот напаѓач беше цврст – дека повеќе нема да игра за „Црвените ѓаволи“.

Неговата желба беше трајно да остане во Барселона, каде што играше како позајмен минатата сезона, но Каталонците одбија да ја искористат опцијата да ги откупат неговите права за 30 милиони евра. Њукасл, Тотенхем, Челси, Астон Вила и Баерн Минхен исто така беа заинтересирани, но во моментов нема конкретни понуди од овие клубови.

Рашфорд моментално е во САД со репрезентацијата на Англија, но според „Сан“ во последните недели, менаџерот на Јунајтед, Мајкл Карик, бил во постојан контакт со него и го убедил дека може да ја продолжи кариерата во клубот.

Последниот натпревар на напаѓачот за неговиот домашен тим беше во декември 2024 година против Нотингем Форест. Тој има договор до јуни 2028 година, а Карик го увери дека е добредојден назад на Олд Трафорд.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Антонели е новиот светски шампион во Формула 1

Андреа Кими Антонели ја освои светската титула во ФОрмула...

Усик: Расчистив со тешката категорија, се враќам во мојата

Поранешниот светски шампион во бокс, Олександр Усик, објасни зошто...

Конор Мекгрегор објави крај на кариерата: Ми останува само уште една ММА борба

Поранешниот шампион на UFC во перо и лесна категорија,...

Вардар го декласира Пелистер во дербито и остана перфектен во Суперлигата

Вардар ја доби првата голема ракометна пресметка со Еурофарм...