Симеоне одговори на прашањето „дали фудбалот му ја должи Лигата на шампионите на Атлетико“

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, кој денес го слави својот 56-ти роденден, разговараше со медиумите пред утрешниот прв натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал на „Метрополитано“

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, кој денес го слави својот 56-ти роденден, разговараше со медиумите пред утрешниот прв натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал на „Метрополитано“.

Аргентинецот одговори на прашања за клучните играчи на „рохибланкосите“: „Доаѓањето на Адемола Лукман имаше влијание врз тимот. Тој има препознатливи квалитети во нападот што ни даваат многу, а значително се подобрува и во дефанзивната фаза. Ќе видиме утре дали може да се опорави, бидејќи денес сè уште беше малку неудобен“.

„Не сум во главата на Хулијан Алварез. Разбирам дека е нормално исклучителен играч како него да биде посакуван од Арсенал, Барселона, ПСЖ… бидејќи е многу добар. Серлот? Кога е добар, тој е одлучувачки фактор и ни е потребен, како во второто полувреме пред некој ден. Сигурно ќе ни помогне во натпреварот утре.“

Нормално е, според него, навивачите да се чувствуваат возбудено пред уште едно полуфинале.

„Исклучително е што Атлетико повторно е во полуфиналето, четврто за 14 години, тоа е неверојатно. Оваа атмосфера што ни ја даваат нашите навивачи ќе биде многу добра за нас. Играме против одличен тим, но сме подготвени. Разликата со претходните полуфиналиња е што живееме во сегашноста. Не чувствувам ништо различно. Играме против одличен тим како Арсенал. Со сè што треба да се грижам со Арсенал… немам простор да се грижам за ништо друго.“

„Не чувствуваме притисок, чувствуваме одговорност. Ова е огромна цел што клубот никогаш не ја постигнал (да ја освоиме Лигата на шампионите – н.з.). Ова е фудбалски натпревар и играчите се тие што на крајот ги решаваат овие натпревари. Главното оружје на Атлетико? Тоа што правиме во елиминациите за Купот и Лигата на шампионите. Да играме со овој интензитет, со потрага по она што тимот го има во офанзивна смисла“, продолжи Симеоне.

„Дали фудбалот му ја должи Лигата на шампионите на Атлетико? Сите сме луѓе и секој има различно мислење. Никој не ни должи ништо, работите мора да се средат и божицата на среќата да биде на ваша страна“, рече тренерот на Атлетико.

Прашан дали би сакал да ја освои Лигата на шампионите за својот роденден, Симеоне одговори: „Немам никакви желби. Имам среќа што сум со моите синови, моите ќерки, мојата сопруга и мојата мајка. Имам само причини да бидам благодарен.“

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...