Сити прогласен за виновен по речиси сите точки од обвинението за финансиски малверзации

Манчестер Сити е прогласен за виновен по речиси сите точки од правилата за финансиски фер-плеј на Премиер лигата, објавува „Атлетик“

Прегледи:

Датум:

Манчестер Сити е прогласен за виновен по речиси сите точки од правилата за финансиски фер-плеј на Премиер лигата, објавува „Атлетик“.

Одлука за какви било санкции против клубот од „Етихад“ сè уште не е донесена, а се очекува клубот да поднесе жалба на пресудата.

Како што објави „Атлетик“, повикувајќи се на анонимни извори запознаени со случајот, Сити е прогласен за виновен по сите, освен по едно, од 115-те обвиненија против клубот.

Портпаролот на клубот изјави за „Атлетик“ дека клубот не е загрижен за истрагата.

„Процесот предводен од Премиер лигата е сè уште во тек, со важни фази што треба да се завршат, а целиот процес е предмет на строги правила за доверливост. Според тоа, ставот на ФК Манчестер Сити останува непроменет во споредба со изјавата на клубот од февруари 2023 година. Клубот совесно ја почитувал пропишаната постапка осум години, почнувајќи од претпоставката дека управните и извршните тела на Премиер лигата ќе дејствуваат како независно, непристрасно и фер регулаторно тело, ослободено од какво било влијание“, рече тој.

Можните казни се наведени во член W.51 од правилниците на Премиер лигата. Комитетот може да изрече опомена, парична казна, одземање бодови, како и исклучување од лигата.

Бодовите може да се одземат од моментот кога е донесена одлуката или ретроактивно. Исто така, постои можност претходно освоените титули да бидат одземени.

За потсетување, Премиер лигата во февруари 2023 година покрена обвинение против „граѓаните“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карлос откри шокантни детали: „Изгубив 99 проценти од сè што заработив во кариерата“

Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос откри дека изгубил дури...

🎥 Три работи го натерале Леброн да се пресели во Филаделфија

Еден од најдобрите играчи во историјата на НБА, Леброн...

Следната сезона 22 трки во МотоГП, ќе дебитира патеката во Аделаида

Лидерите на МотоГП шампионатот објавија дека следната сезона ќе...

Хамилтон ја критикуваше тактиката на Ферари во квалификациите за ГН на Азербејџан

Пилотот на Ферари, Луис Хамилтон, изјави дека не е...