Сколс сака шампионски медал ако на Сити му бидат одземени титулите

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, изјави дека сака да добие шампионски медал од Премиер лигата ако на Манчестер Сити му бидат одземени трофеите поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј

Прегледи:

Датум:

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, изјави дека сака да добие шампионски медал од Премиер лигата ако на Манчестер Сити му бидат одземени трофеите поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј.

„Постојано ги слушам поранешните соиграчи како велат дека сакаат на Сити да му бидат одземени трофеите, но не ги сакаат медалите… Јас сум алчен, го сакам мојот медал“, рече Сколс на Инстаграм.

Независна комисија откри дека Сити склучил „фиктивни договори“ со неколку комерцијални партнери како дел од шема за прикривање на тајно финансирање вредно повеќе од 830 милиони фунти.

Многу играчи бараат клубот да му бидат одземени титулите ако пресудата се потврди.

Сколс беше дел од тимот на „Ѓаволите“ кој загуби од Сити поради гол-разлика во сезоната 2011/12.

Поранешниот соиграч на Сколс, Вејн Руни, изјави дека не би било исправно да се прифаќаат медали што би му биле одземени на градскиот ривал.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Белгија без две ѕвезди против Франција

Белгија ќе биде без капитенот Јури Тилеманс и Кевин...

Селекторот на Норвешка не мисли дека Португалија е поопасна без Роналдо

Селекторот на Норвешка, Столе Солбакен, не мисли дека Португалија...

Што треба да направи Зверев за да стане нов бр.1 во светот?

Александар Зверев има за цел да биде на врвот...

Де Минор и Рубљов ќе се борат до крај за финалниот турнир на АТП

Алекс де Минор и Андреј Рубљов покажаа дека се...