Стерлинг ја отфрли понудата од Бразил

Англискиот крилен напаѓач Рахим Стерлинг (31) ја отфрли понудата да ја продолжи кариерата во Бразил, според островските медиуми

Прегледи:

Датум:

Англискиот крилен напаѓач Рахим Стерлинг (31) ја отфрли понудата да ја продолжи кариерата во Бразил, според островските медиуми.

Васко де Гама наводно е заинтересиран за поранешниот англиски репрезентативец, но Стерлинг не сакал да се пресели надвор од Европа.

Стерлинг моментално е слободен агент, по краткиот и разочарувачки престој во Феенорд.

Тој претходно го раскина договорот со Челси со заедничка согласност, откако помина шест месеци надвор од првиот тим, и не успеа да се етаблира за време на позајмицата во Арсенал.

Сепак, Стерлинг моментално има многу поголеми проблеми надвор од теренот отколку наоѓање нов клуб.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Манчестер Сити се соочува со обвиненија за опасно возење, поседување азотен оксид за неправилна употреба и одбивање да даде примерок на властите.

Англиските медиуми пишуваат дека Стерлинг треба да се појави на суд следната недела.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Антонели од пол-позиција во Остин ќе ја нападне титулата

Андреа Кими Антонели ја освои својата седма пол-позиција оваа...

📽️ FNC 34: Бојковиќ го освои појасот во лесна категорија по феноменален нокаут

Марко Бојковиќ направи изненадување вечерва во Скопје со победата...

Алонсо: Не покажавме ништо против Тотенхем, мора да го подигнеме нивото

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, изрази сериозно разочарување по...

🎬Волкановски му го нанесе првиот пораз на Мовсар Евлоев!

Александар Волкановски го победи Мовсар Евлоев со технички нокаут...