Таре во проблеми во Албанија – поранешниот директор на Лацио и Милан под истрага за перење пари

Игли Таре неодамна беше отпуштен од Милан, но тоа во моментов е најмалиот проблем за поранешниот централен напаѓач, бидејќи против него е покрената истрага во Албанија

Прегледи:

Датум:

Игли Таре неодамна беше отпуштен од Милан, но тоа во моментов е најмалиот проблем за поранешниот централен напаѓач, бидејќи против него е покрената истрага во Албанија.

Според извори од Специјалното обвинителство за борба против организиран криминал и корупција (СПАК), поранешниот спортски директор на Милан и Лацио е осомничен за наводно перење пари како дел од истрагата против поранешната вицепремиерка Бељинда Балуку, која првично беше обвинета за „кршење на правилата во тендерските постапки“. Обвинителството денес објави дека Таре е запишан и во регистарот на осомничени за корупција.

Наводната врска помеѓу Таре и Балуку се однесува на вила на албанскиот јонски брег, во рамките на туристички комплекс. Според сомневањата на истражителите, имотот ѝ бил понуден на поранешната вицепремиерка како поткуп за доделување договор на градежна компанија, во периодот кога таа била раководител на компанијата „Албконтрол“, одговорна за контрола на воздушниот сообраќај.

За да се прикрие трансакцијата, вилата наводно била регистрирана на име на Иглиј Таре, кој, според истражителите, склучил „фиктивен договор за закуп со поранешниот началник на кабинетот на Бељинда Балуку“. Обвинителството тврди дека имотот де факто била во сопственост на поранешната вицепремиерка, која ја користела со години заедно со своето семејство.

Таре бил испрашуван во Обвинителството, кое го напуштил по приближно шест часа, без да даде никакви изјави за медиумите.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...