📽️„Rip the Script“: Шест минути спектакл со најголемите ѕвезди во светот

Додека одбројувањето до Светското првенство во 2026 година влегува во својата последна фаза, Nike ја претстави својата нова кампања наречена „Rip the Script“, а реакциите низ целиот свет беа исклучително позитивни

Прегледи:

Датум:

Додека одбројувањето до Светското првенство во 2026 година влегува во својата последна фаза, Nike ја претстави својата нова кампања наречена „Rip the Script“, а реакциите низ целиот свет беа исклучително позитивни.

Станува збор за шестминутен промотивен филм кој ги обединува најголемите ѕвезди на спортот, музиката, филмот и поп-културата, создавајќи уникатна приказна во која фудбалот е во центарот на вниманието.

Во ерата кога рекламите ретко траат подолго од една или две минути, Nike одлучи да ги прекрши воспоставените правила. Иако трае цели шест минути, филмот ги држи гледачите залепени за екраните од почеток до крај благодарение на динамичните сцени, големиот број познати лица и интересната приказна.

Меѓу главните ѕвезди се Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Кристијано Роналдо, но Nike не остана само во контекст на фудбалот. Бројни личности од светот на забавата учествуваат и во кампањата, вклучувајќи го актерот Ченинг Тејтум, раперот Тревис Скот и легендата на НБА Леброн Џејмс.

Посебно внимание привлече и појавата на младиот Матео Алкантара, талентиран мексиканско-американски фудбалер од Лос Анџелес, кој доби можност да биде дел од глобалната кампања преку младинските проекти на Nike.

За разлика од многу брендови кои често играа на картата на носталгија во последните години, Nike овој пат го префрли својот фокус на сегашноста и иднината на фудбалот. Спортските легенди имаат свое место во филмот, но главните улоги сè уште ги играат сегашни и идни ѕвезди.

„Намерно го избравме секој член од екипата и се обидовме нивните улоги да бидат автентични и поврзани со фудбалот. Сакавме да покажеме вистинска врска помеѓу културата и играта“, рече Енрико Балери, потпретседател и креативен директор на одделот за глобален глас на Nike.

Кампањата „Rip the Script“ е само дел од пошироката стратегија со која Nike продолжува да го проширува својот фудбалски универзум преку спорт, музика, мода и забава. Од работа со млади таленти до нови колекции и иновативни производи, американскиот гигант сака да покаже дека фудбалот денес ги надминува границите на теренот.

Затоа новиот филм не е само реклама за Светското првенство. Тоа е еден вид прослава на модерната фудбалска култура и порака дека играта е повеќе поврзана од кога било со сите сегменти од современиот живот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Дешан по изненадувачкиот пораз на Франција пред Светското: „Ова е предупредување за нас“

Француската фудбалска репрезентација претрпе пораз во пријателскиот натпревар во...

Лутиот Влаховиќ го критикува раководството на Јуве поради соиграчот: „Зошто би имал плата како него?“

Душан Влаховиќ и Јувентус дефинитивно се разделуваат. Српскиот напаѓач...